Рено ќе инвестира 500 милиони евра во погоните во Москва

76

renault moskvaФранцуската компанија Рено до 2020 година планира да инвестира околу 500 милиони евра во веќе постоечкото производство во Москва, изјави раководителот на одделот за наука и истражувачка политика на руската престолнина, Алексеј Комисаров, пишува Ведомости.

Овие инвестиции нема директно да го зголемат производството на автомобили, затоа што ќе се употребат за купување на современа опрема за производство и ќе овозможи помалку квалификуваните работници да се заменат со поквалификувани. Средствата ќе бидат употребени за автоматизација и роботизација на производниот процес, што со време ќе придонесе за зголемување на производството.

Рено веќе покажа намера да развива човечки и технолошки потенцијален научно – истражувачки и дизајнерски центар, како и да разработи и да им претстави на руските власти решение за електромобил.

Во погоните Автофрамос во Москва се склопуваат моделите Logan, Sandero, Duster, Fluence, Koleos и Latitude.