Рено на салонот во Париз го претставува наследникот на легендарната „четворка“

29

Брендовите кои работат во рамките на компанијата Рено ќе изложат дури шест новитети на саемот за автомобили во Париз, кој започнува на 17 октомври.

Меѓу најавените премиери ќе биде и концептот Alpine, кој најавува „нова фаза во трансформацијата на брендот“, се вели во најавата. Сериската верзија на овој автомобил ќе пристигне во 2025 година.

Во Париз ќе дебитира и возобновениот легендарен Renault 4. Компанијата објави дека овој пат се работи за чисто електричен модел.

Освен употребата на електричен погон, нема достапни детали за новата „четворка“. За потсетување, оригиналот беше еден од најпродаваните модели во своето време, со над осум милиони примероци произведени помеѓу 1961 и раните 1990-ти.

Renault ќе дебитира и со електричното комбе Kangoo E-Tech во Париз.

Таму ќе бидат и електричните Megane E-Tech и Austral E-Tech хибрид.