Рено во третиот квартал со поголеми приходи

68

Француската автомобилска групација Рено во третиот квартал годинава забележа приход од 10,7 милијарди евра, што е за 200 милиони евра повеќе од истиот период лани.
За следниот квартал очекуваат зголемување на продажбата на автомобили, пренесува германската новинска агенција dpa.

Финансискиот директор на Renault, Тиери Пиетон, изјави дека „невидената производствена офанзива“ е од корист за приходите, истакнувајќи дека Renault претстави 10 нови возила оваа година и планира да додаде уште седум во 2025 година, пренесува dpa.

Во третиот квартал на ниво на групација се продадени 482.468 автомобили, што е намалување од 5,6% во однос на ланскиот трет квартал.

Во четвртиот квартал Renault очекува зајакнување на продажбата на автомобили поради постепеното воведување на нови возила во европските земји.

Во исто време, Renault ги потврди своите финансиски прогнози за финансиската година со оперативна маржа на групацијата на ниво од 7,5 проценти или повеќе, пренесува dpa.