Rent a nanny – сервис за изнајмување дадилки во Бања Лука

31

dadilka

Слаѓана Плавшиќ и Тања Малешевиќ од Бања Лука заеднички го отворија Rent a nanny – сервис за дадилки, пишува Buka.ba.

Овој сервис е отворен како одговор на потребата на голем број родители да пронајдат соодветна дадилка за своите деца, како и можноста дадилките со теоретско и практично искуство да се соберат на едно место.

Основни задачи на дадилките се грижа за детето, подготвување храна, пресоблекување, прошетки и воспитно – образовни активности преку игра. Дадилките може да се ангажираат на еден или повеќе часови, на еден или повеќе денови, на месец или подолго.

“Изолираниот час е најскап, бидејќи е потребно дадилката да дојде само на еден час. Тоа чини 15 конвертибилни марки (околу осум евра). Но, доколку на истиот родител дадилката му е потребна пет пати во неделата на по еден час, формираме и пониска цена. Еден месец, осум часа дневно, само во текот на работните денови, цената е 400 конвертибилни марки (околу 200 евра). Постои и опција за ноќно чување, во тој случај цената е повисока“, вели Плавшиќ.

Двете успешни претприемачки планираат отворање канцеларии и ширење на овој сервис и во други градови во Република Српска.