РЕПЛЕК АД Скопје ќе исплати дивиденда 1.800 денари нето по акција

РЕПЛЕК АД Скопје на Годишно собрание кое се одржа на ден 26.04.2023 година  донесе одлука за распределба на добивката по оданочување за 2022 година во износ од 59.666.184,00 денари.

Ќе исплати дивиденда во нето износ од 1.800 денари по акција, односно бруто износ од 2.000 денари по акција или вкупен бруто износ од 49.418.000 денари.

Останатите 10.248.184 денари ќе одат во акумулирана добивка.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2022 година е 05.05.2023 година.

Прв датум за тргување без право на дивиденда за 2022 година е 08.05.2023 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2022 година е 09.05.2023 година.

Исплата на дивидендата за 2022 година ќе започне од 15.06.2023 година.

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.