Реплек донесе одлука: Поделба на акциите во сооднос 1:10 – поттик за нови инвеститори

126

РЕПЛЕК АД Скопје преку Македонска берза известува дека на Годишното собрание на РЕПЛЕК АД Скопје одржано на ден 25.04.2024 година беше донесена Одлука бр. 02-2630/1 за поделба на обичните акциии издадени од Реплек АД Скопје и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10 .

Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на акционерската книга на ден 12.07.2024 година, по спроведено порамнување на берзанските трансакции.

За целите на успешно спроведување на наведената Одлука, по извршени консултации и добиени насоки од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 12.07.2024 година времено ќе биде стопирано тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје и истото ќе продолжи на 15.07.2024 година, известува РЕПЛЕК АД Скопје.