Реплек ќе исплаќа дивиденда од дел од акумулираната добивка

20

replek

Реплек донесе одлука за распределба на добивката.

“Со оваа одлука се утврдува распределбата на дел од акумулираната добивка од минати години на Реплек според годишна сметка за 2016 година за исплата на дивиденда во нето износ од 50 евра по акција, односно 3.074 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Добивката од тековната година ќе се распредели во акумулирана добивка.

Последен ден на тргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 10.04.2017 година, односно за прв де на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува на 11.04.2017 година.

Право на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерската книга на 13.04.2017 година.