Repreve – одржливи влакна направени од рециклирани пластични шишиња

158

 Repreve е одржлив материјал изработен од влакна добиени од рециклирани пластични шишиња. Зад неговото производство стои американската компанија за текстил Unifi, коишто овозможија создавање на повеќе типови на синтетички влакна од него, вклучувајќи најлон, полиестер конец и друго.

Процесот на претворање на шишињата во текстил се одвива во неколку фази. Започнува со тоа што шишињата што им ги даваат клиентите, коишто потоа Unifi ги транспортира до модерна фабрика каде се складираат милиони парчиња.

Истите потоа се преработуваат додека не се добие форма како “снегулка“, пишува Inhabitat. Таквиот материјал оди во центарот за рециклирање Repreve каде што се меша, топи и се претвора во малечки парчиња коишто се чуваат на самото место како силоси.

Секој од овие силоси содржи 27 милиони преработени пластични шишиња.

Десетици компании веќе го инкорпорирале овој материјал во дел од нивните производи. Од него можат да се изработат ранци, чорапи, прекривки за седишта, облека, фармерки, костими за капење, знамиња и слично.

Фото: Unifi