Рептил Маркети прослави 20 години постоење

121

r1

Компанијата Рептил е основана во 1996 година како мал семеен бизнис во Скопје. Од продавница со само неколку вработени, сопружниците Даница Личанин Блажеска и Звонко Блажески создадоа ланец од дванаесет маркети и над 250 вработени. Минатата недела прославија 20 години постоење, заедно со своите вработени, добавувачи, пријатели…

“Од година в година, сè повеќе се доближуваме до граѓаните. Почнавме со еден продажен објект. Годинава веќе успешно работи и функционира нашиот 12-ти продажен салон. Нè има секаде низ Скопје. Речиси во сите населби. Но, не застануваме тука. Ќе го „освојуваме“ секое ќоше во Скопје. И уште повеќе ќе бидеме до нашите купувачи. Секоја година сме во тек со барањата на нашите купувачи. Од оваа година, одлучивме нашите производи да ги продаваме и онлајн, преку интернет, http://reptilmarketi.mk/. Секој може да пазарува колку што сака и од каде што сака. Со еден клик може да добие сè што му треба до сопствениот дом”, рече Даница Личанин Блажеска, генерален менаџер на маркетите Рептил.

На прославата беа доделени награди за најдобрите вработени, а најголемата награда за целиот тим е довербата на потрошувачите.

r2

“Секојдневно, понекогаш со смеа, понекогаш со сериозни предизвици, “тула” по “тула” го градиме нашиот дом. Домот во кој живееме заеднички. Домот во кој ги примаме нашите ценети купувачи. Со насмевка и топол домаќински збор ги пречекуваме и ги услужуваме. Затоа го носиме епитетот Компанија со најдобрата услуга во градот! Секако, важна улога во градење на нашиот дом, Рептил маркети, имаат сите колеги. Сите кои што биле и сè уште се дел од ова семејство. Навистина е гордост да припаѓаш на успешно семејство. Да се идентификуваш со вредностите на успехот: со задоволен купувач, лојални вработени, фер однос кон добавувачите, соработка со конкуренцијата”, додава Личанин Блажеска.

Рептил Маркетите нудат концепт на дополнителни услуги за купувачите. Во маркетите дополнително има месара со свежо месо од Македонија, рибарница со свежа речна и морска риба, морски плодови, оддел за готови јадења, оддел за слатки каде што се нудат и торти без глутен, колачи без шеќер, како и колачи од висококвалитетно белгиско чоколадо. Во маркетите се воспоставени и се применуваат ХАЛАЛ, ХАСАП и ИСО стандарди за квалитет и услуга.