Рептил Маркети со донации и помош за подрачјата погодени од поплавите

58

reptil donacija

Рептил Маркети се вклучи во хуманитарната акција за помош на луѓето од подрачјата што беа погодени од силното невреме во Скопје.

До Црвениот крст на Македонија беше доставена донација составена од вода, храна, пелени и други потребни продукти.

reptil donacija 1

Од компанијата велат дека секојдневно подготвуваат донации и за голем број на фирми коишто сакаат да испратат помош во поплавените места. Исто така, секој ден се доставуваат сендвичи кои се наменети за волонтерите вклучени во расчистување на штетите на поплавените семејства.

Оттаму информираат дека на вработените кои се од поплавените подрачја им е исплатена парична помош, како и помош на терен.

На иницијатива на волонтерите од групата на Facebook за помош на настраданите, во сите Рептил Маркети се поставени пунктови, на коишто купувачите можат да купат производи од маркетот и да ги донираат.

reptil donacija 2