Решение за возачите кои дрско паркираат во гаражи: Доаѓаат роботи-пајак

56

Досега „пајаците“ оперираа главно на отворени простори и непрописното паркирање го казнуваа со влечење или подигање на автомобилот на соодветен камион. Но, времињата се менуваат, технологијата напредува, па претставени се и решенија за непрописно паркирање во гаражи.

Во Обединетото Кралство, тие отидоа чекор понатаму со користење на роботски камиони за влечење автомобили од тесни простори како гаражи.

Роботот има натпис RNW и припаѓа на британска компанија наречена Recovery North West, пишува Revijahak.

Компанијата е специјализирана за влечење (речиси) се, од тешка опрема до влечење непрописно паркирани возила. На веб-страницата на компанијата не се споменува премногу овој уред, но се појавува во фотогалеријата.

Се чини дека е дизајниран за една цел: влечење возила во тесни простори. На пример, подземен паркинг или тесна улица.

Машината е дизајнирана од француската компанија Multitract, а роботот се вика Easttract.

Како сличен пример, еве видео од мобилниот уред Multitract, управуван од човек.

Фото:RNW/EasTract CarTract/YouTube