Решенија за поддршка на кластерските здруженија

33

Во рамки на програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2014 година, министерот за економија Беким Незири ќе одржи прес-конференција по повод врачувањето на решенијата за поддршка на кластерските здруженија.

Поддршката на кластерските здруженија се реализира со аплицирање проекти насочени кон нивно поврзување со универзитетите преку заеднички креирани проекти, развој на иновативноста и развој на брендирани производи, поддршка на кластерите за секторска извозна промоција, организирање тематски саеми и развивање стандарди за квалитет и прилагодување кон барањата на ЕУ пазарите.