Ресорт во Шпанија казнува “резервирање” место на плажа со пешкир

52

peskir

Шпанскиот ресорт почна да ги казнува туристите што чуваат место на плажа со оставање пешкири. Општината Торокс на Коста дел Сол воведе посебна полициска единица што ги запленува оставените предмети. Сопствениците можат да си ги вратат своите предмети откако ќе платат казна од 30 евра, пишува BBC.

Од општината велат дека е иритантно да дојдете на плажа и да видите дека просторот е зафатен со пешкири и чадори, а скоро и да нема луѓе. Според надлежните, иницијативата дава резултати и од воведувањето на патролата, состојбата на плажата е подобрена.

Слична пракса се спроведува и во општина Тисно во Хрватска. До 1 септември, комунални редари по 20 часот поминуваат по плажите на подрачјето на општината и ги собираат работите оставени за “резервација” на место за следното утро, пишува Шибенски портал.