Респираторите му донесоа богатство – секој месец е побогат за милијарда долари

323

Пандемијата од коронавирус на многумина им го загрози работењето, но на овој бизнисмен му донесе богатство. Ли Ситинг, коосновач и претседател на компанијата Shenzhen Mindray Bio-Medical Electronics, стана најбогат човек во Сингапур.

Секој месец тој е побогат за милијарда долари бидејќи цената на акциите на неговата компанија за производство на медицински уреди, меѓу кои и респиратори, пораснаа за скоро 50%.

Вредноста на компанијата само од почетокот на оваа година, според податоците на Bloomberg, порасна од 4,3 милијарди на 13, 5 милијарди долари.

Ли Ситинг е роден во кинеската провинција Анхуи, а од 2018 година живее во Сингапур.

“Нарачките за нашите производи нагло пораснаа во март“, наведува компанијата  и додава дека примиле нарачки за медицински уреди од 100 земји.

Само од Италија примиле нарачки за околу 10.000 респиратори. За разлика од производството на медицински маски, за производство на респиратори потребна е висока технолошка специјализација. Mindray во моментов може да произведе 2.200 респиратори неделно, што претставува 20% од сегашното светско производство.

Фото: Pixabay