Ресторан наплаќа ако некој гостин постави “глупаво“ прашање

62

Сопственикот на ресторанот Tom’s diner во САД смисли интересна идеја за да ги забавува вработените и гостите.

Како што пренесува Unilad, тој вовел данок на поставување глупави прашања. Оние гости кои ќе постават такво прашање, ќе треба да си платат 0,38 долари.

Покрај самата сметка, купувачот за данокот на глупави прашања може да дознае и од менито. Сепак, главниот менаџер на ресторанот, Ханте Лендрај нагласува дека овој данок не се наплаќа од лоша намера.

Фото: Pexels