Ресторан во Германија на келнерите им нуди плата од 11.000 евра: „Има интерес, но нема работна сила“

166

Дури 11.000 евра месечна плата нуди ресторан во Долна Саксонија кој веќе некое време има проблеми со наоѓање работна сила. Филип и Кристин фон Стум објавија оглас во Содерсторф , тие се сопственици на стара дрвена фарма со ресторан каде се одржуваат свадби и семинари.

– 11.000 евра. Отсега па натаму – велат во огласот, пренесува Fenix ​​Magazine. Иако сопствениците рекоа дека можат да организираат околу 50 свадби годишно, поради недостаток на работна сила тие можат да одржат само помеѓу 10 и 15.

Инаку, во Германија во јуни имало 33.160 слободни работни места во угостителството, додека Дехога, организација која ги обединува угостителите, претпоставува дека реалната бројка е двојно поголема.

– Во хотелот на колега, целиот тим од кујната дал отказ за една недела – изјави синдикалецот Себастијан Ризнер.