Ресторан во Лондон нуди посебен Instagram пакет на своето мени

22

hrana

Фото: Pexels

Со цел да привлече гости кои сакаат да ја фотографираат храната и направените фотографии да ги постават на Instagram, лондонскиот ланец ресторани Dirty Bones покрај оброк нуди и посебен Instagram пакет.

“Луѓето сакаат да го споделат тоа што го јадат на социјалните медиуми, па затоа сакавме да направиме нешто што ќе го олесни фотографирањето“, вели еден од вработените во ресторанот.

Пакетот се состои од LED осветлување, статив, селфи стап и батерии за полнење на мобилен телефон, пишува Mashable.

Од ресторанот велат дека концептуализацијата на пакетот произлегува од препознавање на важноста на Instagram во денешната култура на храна и желба да им се овозможи на гостите да ги споделат најдобрите квалитети на Dirty Bones.