Рестораните во САД ќе ги наведуваат калориите на храната во менијата

42

DIET CALORIES ON MENUS

Американската агенција за храна и лекови на САД (FDA) го направи правилникот со кој се обврзуваат рестораните и пицериите да го наведат бројот на калории на храната во менијата.

Оваа мерка се очекува да направи голем чекор напред во јавното здравство, посебно во борбата против зголемената телесна тежина кај населението, оценуваат сојузните власти и организации за заштита на потрошувачи.

“Една третина од калориите Американците дневно ги внесуваат надвор од нивните домови и затоа сакаат јасни информации за производите што ги купуваат и јадат“, вели Маргарен Хамбург, шефица на FDA.

Рестораните на барање на потрошувачите ќе мора да наведат колку заситени масти, трансмасни киселини, холестерол, влакна, шеќери и белковини содржи одредена храна. Вкупно три години траеја подготовките за новите сојузни правила што беа предвидени во рамки на законите на Обама за здравствено осигурување на населението.

Се очекува правилникот да стапи на сила за една година, а ќе важи и за храната што се продава во кино салите и забавните паркови.