Рестрикции на струјата без предупредување во Грција

69

steker

Грчкиот оператор за електрична енергија (HENDO) ги повтори предупредувањата дека штрајкот на вработените во Јавната корпорација за енергетика – PPC (Public Power Corporation) може да предизвика прекини во напојувањето со електрична енергија, пишува Greek reporter.

Од почетокот на најавениот 48-часовен штрајк, што започна на полноќ, 13 единици со вкупен капацитет од 2.700 мегавати се веќе затворени.

Од компанијата PPC упатија апел до потрошувачите да го ограничат користењето на електричната енергија, особено во критичните точки во период 11 до 16 и од 20 до 22 часот.

Штајкот на вработените во РРС е поради плановите на грчката влада да продаде дел од тој доминантен производител на електрична енергија во земјата. Грчката влада не се откажува од продажбата, која ја бараат меѓународните кредитори, заканувајќи им се на штрајкувачите дека мора да се вратат на работа, во спротивно ќе издадат наредба за нивна работна мобилизација.

Во планот е продажба на околу 30% од РРС на приватни инвеститори, како и продажба на 17% од моменталните 51% државен удел во оваа корпорација.