Ретко кој знае како изгледа: Знаете ли кој е Дитер Шварц?

645

Дитер Шварц е 80-годишен милијардер од Германија, во чија сопственост е Schwarz Gruppe, но препознатлив е како основач на Lidl и Kaufland. На контото на овој Германец има 41,8 милијарди евра, што го прави да биде најбогат во неговата земја.

Schwarz Gruppe, приватна семејна компанија, во овој момент е најголем дисконтер и трговец во Европа, како и меѓу најголемите трговци на мало по остварени приходи. Вработува над 350.000 луѓе ширум светот.

Приказната на Шварц започнува со неговиот татко, Џозеф Шварц, кој од 1930-та година со својот деловен партнер имал компанија за трговија со јужно овошје. Во 70-тите години на минатиот век, Дитер го наследил бизнисот од неговиот татко и почнува со јасна визија да го преслика работењето на Aldi. Но, тој не го земал своето име за име на компанијата Schwarz Markt бидејќи во превод би значело Црн пазар, па решил за 1.000 германски марки да ги откупи правата за името од деловниот партнер на неговиот татко – Лудвид Лидл.

Kaufland како бренд го основа во 1984 година. Хиерархијата на управување е многу едноставна – Дитер Шварц преку својата компанија, којашто има 0,1% од сопственоста на Lidl, има 100% право на одлучување во концернот. Сите останати 99,9% се во сопственост на Одборот, на чие чело е повторно тој. Управување на компанијата ја пренел на Фондацијата што го носи неговото име, па со тој потег ги спречува идните наследници да ја растурат компанијата.

Инаку, Дитер е познат по тоа што вложува во локалната заедница, како и во образование, наука и истражувања. За него се знае многу малку, но има една навика да отиде во локалното кафуле каде што сака да пие кафе со “обичните“ луѓе, каде што никој не го познава.

Ги избегнува љубопитните очи на јавноста до таа мера што одбил да прими награда за економски придонес, бидејќи многумина го очекувале. Како изгледа било изненадување за многумина, па еден банкар рекол дека на прв поглед помислил дека се работи за муштерија, а не за сопственик на Lidl.

Фото: