Ретвитни Оброк и Мрдни со Прст заедно во акција

21

18010330_1223990221043958_7796898465413402130_n

Ретвитни Оброк заедно со Мрдни со Прст и DJ Goce SAF, денеска од 17 часот во близина на Универзална сала, ќе готват за бездомници и ќе го прослават вториот роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.

“Идејата Ретвитни оброк се роди пред точно две години. Сега сме самоорганизирана група од дваесетина млади луѓе кои подготвуваат и донираат оброци на бездомниците во Скопје. Покрај тоа што сме дваесетина луѓе, секој петок ни се приклучуваат нови кои готват заедно со нас. Всушност, во петок ја готвиме храната за потоа секоја сабота од 12:30 часот зад Спомен куќата на Мајка Тереза истата храна се подели на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција. Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Не важно дали е ориз со копан, гравче тавче, печен компир или макарони со парче месо и салата, важно што е свежо и доволно за еден ручек. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи насе поголемиот интерес и јавувањето на сè повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат било за подготовка, било за транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава. Се надеваме дека од сабота во сабота ќе имаме сè повеќе луѓе кои што ќе донесат храна на нашето збирно место – зад Спомен-куќата на Мајка Тереза“, изјавија од Ретвитни Оброк.