Koмпанијата Amazon го ревидираше списокот на земји кои имаат дозвола да регистрираат продавачи пред две недели, а на таа листа се најде и Црна Гора.
Досега единствениот начин продавачите да ги продаваат своите производи на Amazon беше формирање компанија во една од земјите од каде е дозволена продажба. Ова создаде дополнителни трошоци за секого и значително го отежна пристапот до пазарот.
Компанијата, која ја зголеми својата пазарна вредност за 70% во кризата, сега додава дури 85 земји на списокот. Санкционираните земји како Куба и Северна Кореја останаа надвор од оваа листа.
Фото: Facebook