Rimac Automobili го презема Bugatti?

102

Групата Volkswagen наводно би сакала да се ослободи од производителот на луксузни спортски автомобили Bugatti од својата палета, а како можен купувач, со кого преговорит веќе стигнале далеку, се споменува хрватската компанија – Rimac Automobili.

Оваа информација ја пренесе порталот Car Magazine.

VW е во процес на консолидирање на своето портфолио на автомобилски брендови. Меѓу нив се Bugatti, Porsche и Rimac Automobili.

Rimac Automobili, Bugatti и VW Group сè уште немаат коментари. Тим Браво, менаџер за комуникации на Bugatti, одби да ги коментира овие информации, но истакна дека Bugatti работеше позитивно во последните две години и е на добар пат продажбата да се одвива како минатата година, и покрај пандемијата, пренесува Новац.

Фото: Facebook