Rimac Automobili се шири на азискиот пазар

53

Хрватската компанија, Rimac Automobili најавува проширување на меѓународната мрежа на партнери, благодарение на соработката со Kingsway Group како официјален партнер во Кина.

Пред да почне испораката на хипер автомобилот C_Two, Rimac воспостави глобална мрежа на партнери, а Kingsway Group е клучен дел од таа мрежа. Со партнерството, како што пишува на официјалната страница на хрватската компанија, управува продажен тим кој треба да се погрижи ограничената серија на автомобилите да пристигне до купувачите и да им го обезбеди потребното задоволство и грижа.

За да го зајакне своето присуство Rimac Automobili го отвори првиот салон во Шангај.

“C_Two е хипер автомобил од новата генерација што дава екстремни перформанси на електричен погон и ќе го подигне нивото на возачко искуство… Многу сме среќни што Kingseway Group е дел од нас со одлична репутација меѓу нашите купувачи во Хонгконг, Макао и Кина. Ова е уште еден важен чекор кон градење глобална мрежа на брендот“, вели Мате Римац, првиот човек на компанијата.

Kingsway Group е основана во 1974-та година и опфаќа повеќе дејности, од дистрибуција на автомобили до луксузни јахти.

Фото: Facebook