Римац би можел да добие 200 милиони евра за развој на автономни возила

31

Преку националниот план за закрепнување и отпорност во вредност од 6,3 милијарди евра, приватните инвеститори би можеле да добијат најмалку 30% од средствата, а еден од проектите со коишто Хрватска ќе се кандидира на предлог на Министерсртвото за транспорт е и големата инвестиција на сопственикот на Rimac Automobili, Мате Римац, пишува Јутарњни лист.

Станува збор за инвестиција за истражување, развој и производство на возила од нова мобилност и дополнителна инфраструктура што се мери во стотина милиони евра и коишто Римац до 2025 година би ги развивал во Хрватска, со планот на ЕУ би можел да добие околу 200 милиони евра.

Поточно, Римац планира да развие нов систем на урбана мобилност интегриран со јавниот градски превоз во Загреб. И тоа со развивање на електрични возила од петто ниво на автономија што може да се возат без човекова асистенција, а со нив може да се управува со вештачка интелигенција, камери и сензори.

Вториот дел од проектот опфаќа развој и изградба на инфраструктура за такви возила што ќе служат за нивно одржување и чистење.

Фото: Facebook