Римац: Електричните возила ќе го намалат бројот на смртни случаи за 90%

77

За 10 години поголемиот дел од возилата ќе бидат автономни, поделени, електрични и споделувани, што е прилика и за Хрватска бидејќи се создава нов бизнис модел, изјави Мате Римац, сопственик на Rimac Automobili.

Говорејќи за иднината на автомобилите, Римац рекол дека тоа наскоро драстично ќе се промени бидејќи сега премногу често умираат луѓе на улиците, а во сообраќајот се губи премногу време.

“Сообраќајните несреќи и гужви, на пример во САД, прават поголема штета од годишната вредност на туризмот во Хрватска. Електричните автономни возила имаат можност да го намалат бројот на смртни случаи во сообраќајните несреќи за повеќе од 90%“, вели Римац.

Фото: Facebook