Римац има нов инвеститор: Investindustrial инвестира 120 милиони евра во хрватската компанија

48

Хрватската Rimac Group доби нов инвеститор, откако инвестициската компанија Investindustrial инвестираше 120 милиони евра.

Се наведува дека Investindustrial ќе го искористи своето искуство во автомобилската индустрија, развиено од сегашните и претходните инвестиции во Ducati, Aston Martin и Morgan Motors.

Основана во 2009 година од Мате Римац, Rimac Group развива и произведува сопствени електрични хиперавтомобили.

Rimac неодамна основаше заедничко компанија со Porsche, внесувајќи го Bugatti во Rimac Group.