Римац изгуби стотина илјади евра поради саемот во Женева

225

Поради корона вирусот, откажан беше саемот за автомобили во Женева, што требаше да се одржи од петти до 15-ти овој месец.

“До Женева возевме три автомобили, се убивме од работа, штандот е направен, платени се билети и сместување за 40 луѓе и имате стотина илјади евра трошоци што отидоа во ветар“, напишал Мате Римац, основач на Rimac Automobili, на Facebook.

Од Palexpo, местото каде што се одржува настанот, исто така, посочија дека се преземаат сите мерки за вработените да ги минат неопходните проверки дека не покажале некакви знаци и симптоми од вирусот 14 дена при пристигнувањето во Швајцарија. Исто така, беше најавено дека организаторите соработуваат со здравствените власти во државата и внимателно се следи ситуацијата, а очигледно состојбата доведе до тоа настанот да биде одложен.

Фото: Facebook