Хрватскиот претприемач, Мате Римац планира изградба на Кампус каде што биде сместено седиштето на неговата компанија, модерни научно истражувачки постројки, паметна фабрика за високотехнолошки компоненти и електрични автомобили, како и дополнителни содржини, информираат од хрватската влада.
Вложувањето во проектот Кампус ќе овозможи реализација на повеќе проекти со коишто се занимава компанијата и сериско производство, а планирано е отворање на 2.300 работни места за високообразовани експерти.
Компанијата на Римац, како што се наведува, планира и изградба на Центар за истражување на технологии и компоненти за електрични возила коишто се потребни за задоволување на зголемената побарувачка, како и испитување и развој на батериски систем и негова еколошка прифатливост.
Фото: vlada.gov.hr