Зачестените ангажмани на специјализирани компании за собирање капитал за проекти поврзани со електрични возила би можеле да му наштетат на секторот на долг рок, смета основачот на Rimac Automobili, Мате Римац.
“Менаџерите на такви специјализирани компании (SPAC – Special Purpose Acquisition Company) не ја сносат истата одговорност за потенцијален раст на компаниите како менаџерите кои собираат пари преку иницијална јавна понуда (IPO – initial public offering) на пазарот на акции, што создава можност за создавање на “балон“, смета Римац.
Инаку, SPAC-овци се мали компании со голем број поднесоци до американската комисија за хартии од вредност и берзата на САД за да се користи како основа за купување перспективни компании со висок раст.
“Денес може да набавите многу пари за компании кои немаат производ. Тоа мене лично малку ме плаши. Кога ние сакаме да котираме на берза, сакам да покажеме број, сакам со акциите да се тргува на основа на факти“, рече Римац на онлајн состанокот за иднината на автомобилите во организација на Financial Times.
Тој се надева дека овие компании нема премногу да му наштетат на технолошкиот и автомобилскиот сектор.
Инаку, Wall Street користи такви компании за да ја заобиколат иницијалната јавна понуда, бидејќи е потребно помалку време и помалку законски пречки, па полесно го користат оптимизмот на инвеститорите за електричните возила.
Римац во 2011 година имаше потешкотии за собирање капитал, бидејќи во таа година производителот на електрични возила Fisker објави стечај, а Tesla беше во фаза на развој. Денес, негови акционери се Porsche, Kia и Hyndai, а компанијата произведува електрични погонски делови за супер автомобили на Aston Martin и Koenigsegg.
Фото: Facebook