Римац: Можеби ќе се инвестираат милијарда евра во проектот автономни такси

34

Извршниот директор на Bugatti Rimac, Мате Римац, рече дека проектот за робо – такси треба да биде објавен наскоро и стотици милиони, ако не и милијарди евра, ќе бидат инвестирани во него, објави Seebiz.

Гостувајќи на хрватската телевизија, Римац ги откри своите планови за во иднина. Тој изјави дека за проектот за такси не знаеле дури ни голем број на негови вработени.

Според претходните најави, првите такси возила без возач треба да се појават на улиците на Загреб веќе во 2024 година во тест-фаза, а после тоа, во 2025 година ќе биде пуштена во употреба комерцијална услуга.

На прашањето како ќе изгледаат автомобилите за пет години, Римац рече дека до 2030 година скоро сите автомобили ќе станат електрични, а за 10-15 години предвидува дека автомобилите нема да имаат волан и нема да бидат во сопственост на крајните корисници, туку луѓето ќе ги користат нив како транспортна услуга, за превоз од точката А до точката Б.

Фото: Facebook