Римац започнува проект oд 450 милиони евра, во Загреб ќе возат робо – такси

115

Основачот на компанијата Rimac Automobili, Мате Римац го прави првиот чекор кон реализација на проект за развој и воспоставување мрежа на електрични автономни такси во Загреб, проект тежок 3,4 милијарди куни (450 милиони евра) пишува  Јутарњи лист.

Во 2024 година, Загреб ќе стане еден од првите градови во светот каде што ќе биде достапна услугата за робо – такси, користење на самоуправувачко, електрично такси преку апликација.

Како што пишува Јутарњи лист, основачот на Римац  започнува да гради парк, плоштад, станица за складирање и полнење на електрични, самоуправувачки такси.

Тендерот е објавен и пристигнуваат решенијата на архитектите, а целиот објект треба да биде готов до крајот на 2022 година. Услугата робо – такси во Загреб треба да биде пуштена во употреба до 2024 година.

Фото: Facebook