Римац од почетокот на пандемијата вработил околу 150 луѓе

155

Основачот на Rimac Automobili, Мате Римац рекол дека неговата компанија од почетокот на коронакризата до денес вработила околу 150 лица, а најавил дека во скора иднина се очекуваат “некои нови инвестиции“.

“Работите толку експлозивно се случуваат, многу брзо растеме, а мислам дека од почетокот на кризата досега вработивме 150 лица. Продолжуваме и покрај кризата, отвораме нови канцеларии надвор од Хрватска, а во Хрватска наскоро ќе отвориме една со 400 луѓе“, изјави Римац преку видео порака на конференцијата Претприемачки мајндсет 2020, пренесува SeeBiz.

Rimac Automobili, без Greyp Bikes, во овој момент вработува 815 луѓе, додека во Greyp работат околу 85.

Римац вели дека досега на државата ѝ платил околу 17 милиони евра за данок, а за себе одвоил само неколку проценти од тој износ за плата.

“Од Rimac Automobili државата во овој момент има поголема корист одошто јас лично“, рекол Римац.

Фото: Facebook