Римац се пожали: Илон Маск сè уште не игнорира, но Nevera е побрза од Tesla

56

Хрватскиот претприемач Мате Римац се огласи на својот Facebook профил и се пожали дека Илон Маск продолжува да го игнорира. Сепак, Римац му честиташе откако Маск го претстави својот Tesla S Plaid седан.

“И покрај тоа што Илон не игнорираше (тврдејќи дека Plaid има највисоко забрзување) – ние сме сепак многу побрзи, имаме скоро двојно поголема моќност, поголема батерија и побрзо полнење. Сепак, неверојатни перформанси за релативно прифатлива семејна кола “Браво Теsla, браво Илон“, напиша Римац.

Маск синоќа го претстави својот седан Tesla S Plaid и потврди дека веќе има продадено 25 парчиња. Тој исто така истакна дека тоа е “најбрзиот и најдобриот електричен автомобил во светот“.