Rimac Technology ќе развива и произведува батериски системи за BMW

28

Rimac Technology, производител на електрични погонски системи и батериски системи за светските производители на автомобили, влезе во долгорочно партнерство со BMW Group.
Rimac Technology ќе развива и произведува високонапонски батериски системи за возила на BMW Group кои ќе се користат во идните генерации на модели планирани за втората половина на 2020-тите.

Со испорака на големи количини напредни батериски системи, компанијата Rimac Technology преминува во следната фаза – развој и производство на технологија за проекти во големи серии. Соработката со BMW Group претставува значајна пресвртница за Rimac Technology, бидејќи претставува најголем и најамбициозен проект што компанијата го имала досега.

Ваквиот развоен чекор бара воспоставување сложени и големи автоматизирани производни линии за батерии кои ќе бидат лоцирани во новиот кампус Римац во близина на Загреб. Значителен дел од кампусот ќе биде посветен на овој проект, кој ја нагласува посветеноста на компанијата за партнерство со BMW Group.

„Оваа соработка означува клучен момент во растот на Rimac Technology и е јасен знак за преминот од снабдувач на производи со високи перформанси за модели од мали серии, како што се Aston Martin Valkyrie, Pininfarina Battista, Rimac Nevere итн., во производител со големи капацитети за проекти како што е овој со BMW Group“, изјави основачот и главен извршен директор Мате Римац.