Римац во потрага по индустриска хала во Загреб

74

Хрватскиот претприемач, Мате Римац е во потрага по простор што му е потребен додека да го изгради кампусот што ќе зафати површина од над 100.000 метри квадратни.

“Во Хрватска многу е тешко да најде индустриска хала. Работиме на долгорочно решение за нас (изградба на кампус од 100.000 метри квадратни), но до тогаш ни треба простор за ширење. Гледаме различни опции, но не најдовме нешто што ни одговара. Бараме објект во пристојна состојба од 15.000 до 30.000 метри квадратни во близина на Загреб“, напиша Римац на Facebook.

Тој напиша и дека едвај чека да се направи Кампусот бидејќи “тетрисот“ со простори е голема дистракција и извор за неефикасност, но како што вели Римац “некои работи во Хрватска траат бесконечно“.

Римац планира изградба на Кампус каде што биде сместено седиштето на неговата компанија, модерни научно истражувачки постројки, паметна фабрика за високотехнолошки компоненти и електрични автомобили, како и дополнителни содржини.

Фото: Fаcebook