Римац вработи познат јутубер и тест возач на брзи автомобили

57

Хрватскиот претприемач, Мате Римац на социјалните мрежи сподели видео со познат јутубер и експерт на брзина кој доаѓа во Хрватска, пишува Пословни дневник.

Миша Чарудин, по потекло од Русија, зборува повеќе светски јазици и е автомобилски експерт кој живее и работи во Германија. Тој има неколку канали на YouTube, а прикажува видеа од тест возења на брзи автомобили.

“Овие денови се преселив во Загреб, за да започнам со нова работа во компанија Rimac Automobili. Бев многу позитивно изненаден што се спријателив уште од првиот ден“, напишал Миша на социјалните мрежи.

Исто така, тој најави и нови видео содржи што ќе бидат поврзани со брзите автомобили на Римац.

Фото: Facebook