Римац за најлошиот период: Позајмив пари од човек што го знаев една недела

410

Хрватскиот претприемач, основач на компанијата Rimac automobili, Мате Римац изјави дека неговата компанија одлично стои, но дека не е едноставно да се произведуваат автомобили.

Гостувајќи во емисијата Preduzetnički mindset, Римац рече дека последниот нормален работен ден во компанијата бил петок 13.

“Потоа се затворија училиштата и градинките, па одлучивме и ние да затвориме. Подоцна ги испративме во фабрика оние луѓе кои се неопходни за сè да функционира“, рече Римац.

На прашањето кога бил најлошиот финансиски период за компанијата, тој рече дека сега се одвива добро, но дека најлошата фаза била во 2017 година.

“Од сите барав  да ми позајмат пари. Еден човек што го познавав само една недела тој ми излезе во пресрет. Го прашав за помош, но не се познававме, јас бев толку очаен. Тоа беше период кога не знаев дали ќе има утре. Не е проблем да се работи, но проблем е кога работите, а не знаете дали компанијата ќе постои следната недела“, рече Римац.

Вели дека производството на автомобили воопшто не е едноставно.

“Многу луѓе се залетаа, особено по Tesla. Mногу се обидоа, многу пропаднаа. Тешко е со конкуренцијата. Автомобилот е спој на динамика, процеси, илјадници елементи“, рече Римац.

Наведе дека платите во оваа ситуација не ги намалил, а во план е до крајот на годината да вработи уште 100 до 150 лица.

Фото: Facebook