Римац добива државна помош за роботски: 45% од трошоците ќе бидат покриени

36

Европската комисија пред неколку дена одобри државна помош за Хрватска, во износ од 179,5 милиони евра, за проектот роботакси развиен од иноваторот и претприемач Мате Римац.

Поддршката ќе биде обезбедена во форма на директни грантови и ќе покрие приближно 45 проценти од прифатливите трошоци. Доколку проектот се покаже како многу успешен и генерира дополнителна заработка, корисникот дел од добиената помош ќе ѝ врати на државата, објави Сеебиз.

Станува збор за проект за поширока урбана мобилност во Загреб, кој ќе им овозможи на корисниците да комбинираат неколку начини на транспорт преку една платформа. Доколку е успешен, моделот би можел да се прошири и во другите градови на ЕУ.

Целта е да се поддржи компанијата P3M (Project 3 Mobility LLC) во развојот на услугата, која се базира на целосно автономно електрично возило, т.н. роботакси. P3M е основан од Мате Римац, Марко Пејковиќ, стратегиски директор во „Римац Автомобили“ и Адријано Мудри, главен дизајнер во истата компанија.