Римац Невера – собори 23 рекорди (ВИДЕО)

24

Римац Невера продолжува да руши рекорди, а за само еден ден возење на тест патеката во Германија собори дури 23.

Невера беше возена во Automotive Testing Papenburg (ATP), каде што максимално ги искористи правците долги четири километри. Претставници од Dewesoft и RaceLogic беа на лице место за да го потврдат времето и открија дека електричниот хиперавтомобил всушност бил побрз отколку што се мислело.

Невера имаше гуми Michelin Cup 2 R и од 0 до 60 милји на час со стандарден rollout на една стапка забрза за 1,74 секунди, што е побрзо од „официјалните“ 1,85 секунди. Да речеме и дека хиперавтомобилот забрзувал од 0 до 100 km/h за 1,82 секунди според RaceLogic или 1,81 секунди според Dewesoft. Ова го надмина времето кое го „пријавија“ од Римац, а тоа е 1,97 секунди.

Дополнително, треба да се истакне дека тестирањето се вршеше на обичен, неподготвен асфалт.

Откако претходно беше навестено од првиот човек на компанијата Мате Римац, Невера постави нов светски рекорд за најбрзо сериско возило на тестот кога станува збор за забрзување од 0 до 400 km/h и запирање до 0 km/h.

Таа „работа“ електричното чудовиште ја заврши за 29,94 секунди, а за споредба, на Koenigsegg Regera му беа потребни 31,49 секунди за истата задача извршена во 2019 година.

Да речеме и дека Невера носеше специјален „аутфит“ во чест на BMW M3 на Римац, односно целосно електричната серија 3 генерација E30 од 1984 година, која постави неколку рекорди во 2012 година. Единаесет години подоцна, Мате може гордо да каже дека неговата Невера достигнува 400 km/h и застанува побрзо отколку што McLaren F1 забрзува до 350 km/h и запира.

Меѓу рекордите на Невера е најкраткото растојание потребно за запирање при брзина од 100 km/h, што е 29,12 метри според RaceLogic и 28,96 метри според Dewesoft.