Ritz-Carlton гради луксузни хотели – јахти

48

the-ritz-carlton-yacht-collection-marina-rendering-1

Луксузниот хотелски бренд Ritz-Carlton најави дека во 2019 година во морињата ќе запловат првите луксузни хотели – јахти. Хотелот со пет ѕвездички ќе изгради три мали, ултра луксузни бродови, а резервациите ќе започнат од следниот мај, пишува Bloomberg.

the-ritz-carlton-yacht-collection-exterior-renderingФото: Marriott

“Мора да го проширите бизнисот. Секторот за крстарење секоја година просечно расте за 8,5% од 1981 година“, вели извршниот директор на Ritz-Carlton, Херв Хамлер.

Секоја од јахтите ќе има капацитет од 300 гости, а ќе бидат со должина од 190 метри.

Фредрик Јохансон, извршен директор на Tillberg Design од Шведска кој има дизајнирано неколку јахти, за новиот предизвик вели дека создава нови стандарди.

rcyc_4

Фото: Tillberg Design

“Се обидовме да дизајнираме нетрадиционален брод. Тоа е место каде што одиш без редици, без гужви, без пречки, само убава позадина за убави луѓе“, вели Јохансон.

Гостите ќе имаат приватна послуга, а секоја соба ќе има излез на палуба. За да го избегнат комерцијалниот имиџ овие јахти нема да застануваат во градови кои се комерцијализирани и имаат многу туристи.