Хотелскиот бренд Ritz-Carlton следната година ќе започне со изградба на ултра луксузен комплекс што ќе се издигне на една од песочните плажи во Флорида, САД.
Проектот е заеднички потфат на групациите Fortune International и Chateau, а комплексот ќе зафаќа површина од 2,2 хектари. Градбата, која што е наречена Ritz-Carlton Rezidences, ќе содржи 212 домови и пет пентхауси со неверојатен поглед на Атлантскиот океан, базен и тераси за сончање… на 52-от кат.
Архитект е компанијата Arquitectonica, а дизајнер на ентериерот е Мишел Бондан. Зданието ќе вклучува и ресторан на плажа, клуб за деца, спа центар, сала за вежбање и велнес центар.
Освен тоа, станарите ќе имаат и библиотека, перална за автомобили, како и станица за полнење на електрични автомобили. Ќе бидат вклучени и разни услуги како одржување на домот, достава на гориво, приватен готвач, шетач на кучиња, дадилка, достава на намирници и друго.