Ризичните инвестиции во крипто скокаат за 500% годишно

70

Како што расте интересот за криптовалутите и блокчејнот, така растат и инвестициите во просторот од страна на ризичните капиталисти.

Овој тип на инвестиции порасна и до пет пати во рамките на една година.

Конкретно, парите инвестирани преку трансакции со ризичен капитал со крипто и блокчејн се зголемија од помалку од 2 милијарди долари во последниот квартал од 2020 година на повеќе од 10 милијарди долари во истиот период во 2021 година, што бележи речиси 500% зголемување на годишна основа.

Овие податоци беа демонстрирани од страна на платформата за разузнавање на крипто-пазарот Messari, а се засноваат на истражувачки напис од нивниот аналитичар Том Данли.

Изданието нагласува дека во 2017 година немало ниту 1 милијарда долари крипто-инвестиции од ризични капиталисти. Во 2021 година, индустријата направи 11 пати повеќе само во четвртиот квартал.

Податоците покажуваат и зголемување на бројот на трансакции со ризичен капитал, иако тој не беше толку драматичен како скокот на износот на вложените средства. Во набљудуваниот период, овој број на трансакции се зголеми од 300 на близу 500, или за околу 66%.

Во меѓувреме, во серија твитови, компанијата исто така соопшти дека институционалните инвеститори тргувале со криптовалути во вредност од 1,14 трилиони долари само преку Coinbase во 2021 година, десет пати повеќе од претходната година.

Таа, исто така, истакнува дека растечкиот тренд на инвеститори кои се свртуваат кон крипто е резултат на созревањето на ‘рбетот на технологијата, вклучително и големите случувања во области како што се чување, берзи, задолжување/давање заеми, инвестициски фондови и истражување.

Треба да се напомене дека 2021 година беше добра година за вложување во ризичен капитал воопшто, бидејќи глобалното финансирање на ризичен капитал во стартапи постави ново високо ниво од 621 милијарда американски долари со зголемување од 111% на годишна основа.