РКЕ: Бензините и дизелот поевтинуваат, поскапува само мазутот

151

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,00 ден/лит, додека Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,442 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,343 ден/кг.