РКЕ: Дизелот и Еуросупер БС- 95 поевтинуваат

125

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,888 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,779
ден/кг.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.03.2023 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,50 ден/лит.