Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 12.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените утврдени
во член 92 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи („Службен весник на Република vСеверна Македонија“бр.57/22) и измените утврдени во член 30-в од Законот за данок на додаденавредност („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.57/22) .
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 9,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 60,914 ден/кг.