РКЕ соопшти по кои цени ќе се точат горивата од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтенитемдеривати и горива за транспорт од 14.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит и,малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,212 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,780 ден/кг.