Робинка ќе замени робовладетел на банкнотата од 20 долари

52

Робинката Харијет Табман ќе го земени седмиот претседател на САД, Ендру Џексон на банкнотата од 20 долари.

Администрацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, се обидува да го забрза тој процес.

Харијет Табман, со вистинско име Араминта Рос (1822-1913), била афроамериканска активистка. Родена е како робинка, во државата Мериленд, од каде во 1844-та побегнала на северот.

После тоа со помош на аболционистите организирала 19 експедиции во текот на кои биле ослободени 300 робови.

Банкнотата со Хериет Тубман, првично требаше да биде реализирана минатата година, но беше одложена за време на претседателот Доналд Трамп, кој ја опиша како “чиста политичка коректност“.

Фото: Facebook