Фото: Facebook
Бришењето прозорци на висококатници претставува опасна работа, па од таа причина израелскиот старт – ап Skyline Robotics го решава проблемот со робот.
Роботските раце ги чистат стаклените површини, а задача на вработениот е да го следи целиот процес на чистење, пишува CNN.
Роботот е опремен со сензори за допир што му помага да ја “почувствува“ зградата за да може полесно и подобро да ги исчисти нечистите површини.
Ова не е прв пат чистењето на прозорците да биде доделено на некој уред, наместо на човек. Компанијата Aerones од Латвија развива дрон што брише прозорци и стаклена фасада на висококатници.