Дрон – бришач на прозорци

42

Фото: Aerones

Дрон во блиска иднина би можел да брише прозорци или стаклена фасада на високи објекти. Токму таков дрон развива компанијата Aerones од Латвија. Во своето портфолио Aerones веќе има различни видови на дронови, а овој ќе може да ги замени работниците кои со заштитна опрема бришат прозорци на висококатници.

Дронот има вкупно 12 ротори, широк е околу три метри, а во себе има вградено црево за чистење на прозорците, сунѓери за бришење, како и камери коишто на управувачот му нудат можност да ја следи нивната работа.

Засега овој дрон може да брише прозорци на згради до висина од 350 метри. Со вода и струја се напојува од земја, па постојано е поврзан со компресор и извор на електрична енергија. Таквото поврзување му овозможува постојана работа и нема потреба од вградување батерии.